# Виталиа Детска Трка

Date: 2026-09-20
Location: Градски Стадион, Скопје

## About the Event

На старт за здрави навики

## Description

ВИТАЛИА ДЕТСКА ТРКА 202620 СЕПТЕМВРИ – НАЦИОНАЛНА АРЕНА „ТОДОР ПРОЕСКИ“, СКОПЈЕНА СТАРТ ЗА ЗДРАВИ НАВИКИ!Со огромно задоволство ве покануваме да ги пријавите вашите деца на четвртата ВИТАЛИА ДЕТСКА ТРКА, која ќе се одржи на 20 септември 2026 година, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.Виталиа Детската трка е настан кој ги слави детското движење, спортскиот дух, дружењето и создавањето здрави навики уште од најмала возраст.Нè очекува незаборавен ден исполнет со трчање, забава, детски насмевки, изненадувања и подароци за малите тркачи и нивните семејства!Кој може да учествува?Право на учество имаат сите деца на возраст од 7 до 14 години.Учесниците ќе бидат поделени во четири возрасни категории:КатегоријаВозрастДолжина на патекатаЗелена трка7–8 години100 mЖолта трка9–10 години200 mПортокалова трка11–12 години300 mЦрвена трка13–14 години400 mДецата ќе трчаат исклучиво во категоријата што одговара на нивната возраст.Организаторот го задржува правото да ги подели категориите во повеќе стартни групи, во зависност од бројот на пријавени учесници. Деталниот распоред на стартовите ќе биде објавен дополнително.Секое пријавено дете добива:стартен број;официјална тркачка маичка;вода;медал по успешно завршување на трката;производи од асортиманот на Виталиа;учество во наградна лотарија со можност за освојување вредни награди.Тркачки маичкиСекое пријавено дете добива официјална тркачка маичка во детска големина.Потребната големина се избира при регистрацијата. Организаторот ќе вложи максимални напори секое дете да ја добие избраната големина, но достапноста зависи од расположливите количини.Замена на маичката при подигнувањето на стартниот пакет ќе биде можна само доколку има достапна друга големина.Котизација и регистрацијаКотизацијата за учество изнесува 200 денари.Собраните средства од котизациите ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Повеќе информации за избраната хуманитарна цел ќе бидат објавени дополнително.Максималниот број е ограничен на 1.000 учесници.Регистрацијата ќе биде отворена до петок, 18 септември 2026 година, односно до пополнување на максималниот број учесници.Доколку бројот од 1.000 учесници се пополни порано, регистрацијата ќе биде затворена пред предвидениот рок.Регистрацијата се смета за целосна и важечка само по:правилно внесување на сите задолжителни податоци;успешно извршена уплата на котизацијата;прифаќање на условите и правилата за учество.Котизацијата не се враќа доколку пријавениот учесник се откаже или не се појави на настанот.Регистрацијата и стартниот број не смеат да се пренесат на друго дете без претходно одобрение од организаторот.Подигнување на стартните пакетиСтартните пакети ќе може да се подигнат во следните термини:Сабота, 19 септември 2026 годинаПредвидена локација: Градски парк, во близина на ШколкаВреме: 10:00–16:00 часотЛокацијата за подигнување на стартните пакети во сабота ќе биде дополнително потврдена.Доколку настане промена на локацијата или терминот, информацијата ќе биде навремено објавена преку официјалните комуникациски канали и профилите на Виталиа на социјалните мрежи, како и испратена на email адресата наведена при регистрацијата.Недела, 20 септември 2026 година Локација: Национална арена „Тодор Проески“, СкопјеВреме: 08:00–09:00 часотСо цел да се избегнат гужви и доцнење на стартовите, ги охрабруваме учесниците, доколку се во можност, да ги подигнат своите стартни пакети во сабота.При подигнувањето на стартниот пакет потребно е да се покаже електронската потврда за успешно извршена регистрација.Пакетот може да го подигне родителот/старателот или друго полнолетно лице назначено од него.Стартните пакети нема да се испраќаат по пошта.Информации за денот на тркатаДатум: Недела, 20 септември 2026 годинаПочеток на настанот: 09:00 часотЛокација: Национална арена „Тодор Проески“, СкопјеДеталната сатница, распоредот на стартните групи, влезот за учесниците, собирните зони и останатите организациски информации ќе бидат објавени и испратени до пријавените учесници пред одржувањето на настанот.Учесниците треба да пристигнат навремено.Секое дете мора да го носи својот стартен број на видно место во текот на целата трка. Учесник без соодветен стартен број нема да може да пристапи до стартната зона.За полесна и побезбедна организација, родителите/старателите се должни да го донесат детето до означената собирна зона и да го преземат од зоната определена за таа намена по завршувањето на трката.Дојдете со целото семејство, поканете ги другарчињата и заедно да создадеме незаборавен ден исполнет со радост, движење и здрави победи!НА СТАРТ ЗА ЗДРАВИ НАВИКИ!Се гледаме на стадион!Настанот се организира во соработка со Атлетската федерација на Македонија.

## Packages

### Package: 7,8 години - 100м



- **Price**: n/a

### Package: 9,10 години - 200м



- **Price**: n/a

### Package: 11,12 години - 300м



- **Price**: n/a

### Package: 13,14 години - 400м



- **Price**: n/a



## Registration

Register at: https://trki.mk/mk/e/vitalia-detska-trka
