# Галичник треил ран

Date: 2026-09-20
Location: С. Галичник

## About the Event



## Description

По успешното прво издание на кое заедно со вас успеавме да создадеме енергија, атмосфера и прекрасни моменти на кои со гордост и насмевка се потсетуваме, чест и задоволство ни е да ве поканиме на второто издание на Галичник треил ран! Дојдете и дружете нè еден топол септемврски викенд на падините на планината Бистра и почуствувајте ја магијата на Галичник!Медена треил - Трка на 20 килметри, со 1200 метри +/- елевација, за оние што бараат сериозен адреналин и авантура низ највпечатливите пејзажи на Бистра! Стартот на оваа трка ќе биде од селото Галичник пред влезот на црквата св. Петар и Павле -&gt; Премин покрај бачилото Говедарник (1827 м.н.в) -&gt; Искачување на врвот Меденица (2163 м.н.в) со неверојатен панорамски поглед кон Бистра, бачилата зад Царевец и Мавровско езеро -&gt; Потоа следи искачување на врвот Карбула (2148 м.н.в) над Бигорски, со погледи кон селата во долината на Радика: Жировница, Требиште, Битуше, Велебрдо, Ростуше и многу други. Од Карбула по друга патека, натпреварувачите се враќаат кон селото Галичник каде што беше и стартот на трката. Временскиот лимит за завршување на Медена треил ќе биде 5 часа.Говедарник треил - Трка на 8 км, со 600 метри +/- елевација, совршена за почетници кои сакаат да ја почуствуваат магијата на треил трчањето и да уживаат во природата! Истиот старт како и на Медена треил, од селото Галичник искачување до бачилото Говедарник (1827 м.н.в) и од тука враќање назад по истата патека до селото Галичник.Првите петстотини метри учесниците ќе движат по асфалтиран пат, а останатиот дел од патеката претставува технички терен: земјени патеки, козји патеки како и предели со карпи, камења и слично. На почетокот на трката и на враќање кон самиот финиш, учесниците ќе имаат можност да поминат низ селото и да ја посведочат уникатната градба и архитектура која го краси Галичник. Самиот вид на трката и предел по кој ќе се одвива истата, бараат добра психофизичка подготвеност од учесниците. Временскиот лимит за завршување на Говедарник треил ќе биде 3 часа.Важна напомена: Организаторот го задржува правото на промена на рута, време на старт и слично при неповолни временски услови.

## Packages

### Package: Трка 20км / 1200 D +/- 



- **Price**: 1000 ден (from 2026-01-05 to 2026-05-01)
- **Items included**:
  - Стартен број со чип
  - Финишер медал
  - Производи и ваучери од спонзори
  - Освежителни станици на патеките
  - Бесплатни фотографии
  - Online резултати
  - Online диплома
  - Награди за најдобрите во машка и женска категорија
  - Забава на крајот на трката
- **Addons**:
  - Dry-fit маица — 800 ден (from 2026-02-02 to 2026-09-01)
    - Dry-fit маица

### Package: Трка 8км / 600 D +/- 



- **Price**: 800 ден (from 2026-01-05 to 2026-05-01)
- **Items included**:
  - Стартен број со чип
  - Финишер медал
  - Производи и ваучери од спонзори
  - Освежителни станици на патеките
  - Бесплатни фотографии
  - Online резултати
  - Online диплома
  - Награди за најдобрите во машка и женска категорија
  - Забава на крајот на трката
- **Addons**:
  - Dry-fit маица — 800 ден (from 2026-02-02 to 2026-09-01)
    - Dry-fit маица



## Registration

Register at: https://trki.mk/mk/e/galicnik-trail-ran
