# БРК-АМЕ МАШКО ЗДРАВЈЕ

Date: 2026-11-29
Location: Скопје

## About the Event

Прва машка трка во Македонија и регионот посветена на машкото здравје

## Description

На 29 ноември 2026 година, во Скопје ќе се одржи „Брк-аме машко здравје“, спортско-рекреативна трка посветена на подигнување на свеста за машкото здравје, значењето на превенцијата и навремената грижа за сопственото здравје.Овој настан е многу повеќе од трка на 5 километри. Тој претставува иницијатива која ги обединува спортот, здравјето и општествената одговорност, со цел да поттикне отворен разговор за темите за кои мажите неретко молчат.Преку физичката активност и заедничкото учество, сакаме да испратиме силна порака дека грижата за здравјето не е слабост, туку одговорност кон себе, семејството и најблиските.„Брк-аме машко здравје“ има амбиција да прерасне во традиционален спортски настан кој ќе придонесува за поголема информираност, редовни превентивни прегледи и развивање здрави животни навики.

## Packages

### Package: 5КМ

Трката е наменета за учесници од машки пол

- **Price**: 399 ден (until 2026-11-22)



## Registration

Register at: https://trki.mk/mk/e/brk-ame-masko-zdravje
