# Биди Своја

Date: 2024-06-15
Location: 

## About the Event

Женска ноќна трка

## Description

На 15 јуни 2024 во сабота со почеток во 19:30 часот ќе се одржи второто издание на женската атлетска трка „Биди Своја“ во Битола.Да се биде своја е една од најважните работи што можете да ги правите во животот. Тоа значи да ги прифатите вашите уникатни квалитети, интереси и личност, наместо да се обидувате да се усогласите со она што другите го очекуваат од вас. Кога сте доследни на себе, поголема е веројатноста да бидете среќни и исполнети во вашиот живот.Спортското здружение „Бори се за целта“ втора година со ред ќе организира ноќна женска трка по улиците низ Битола, поттикнати од успешното второ издание на „Биди Своја„ организираме и оваа година оваа прекрасна спортска манифестација каде што ги покануваме сите професионалки, рекреативки и сите останати кои сакаат и можат да се предизвикаат и да учествуаат на ова второ издание.„Биди Своја“ е улична атлетска трка во должина од 5км по улиците на Битола, стартот на трката е пред битолскиот „Офицерски дом“, а ќе се одвива по улицата „Партизанска“, од нејзиниот почеток кај кафе „Триангл“ со крајот на улицата кај комплексот ВЕРО во Нова Битола.„Биди Своја“ минатата година броеше над 250 учеснички и се надеваме дека оваа година истиот број ќе го поминеме, најавуваме како поединечно така и тимско рангирање на сите учеснички кои ќе настапат со најмалку 4 натпреварувачки во нивниот тим.Регистрација отворена од 1.ви Април до 5 Јуни, и истата ќе е поделена во две фази, една до 15 мај и друга до 5 јуни.Официјална маица од тркатаФинишер медалСтартен број со чипОфицијални фотографии од натпреваротОсигурувањеПроизводи од спонзориОсвежителни станициЕлектронска дипломаРезултати во живо

## Packages

### Package: Котизација



- **Price**: n/a
- **Items included**:
  - Официјална маица од трката
  - Финишер медал
  - Стартен број со чип
  - Фотографии
  - Осигурување
  - Производи од спонзори
  - Освежителни станици
  - Електронска диплома
  - Резултати во живо



## Registration

Register at: https://trki.mk/mk/e/bidi-svoja-2024
